ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ веќе почна да му наштетува на Панче Тошковски

Адвокатот кој стана министер внимателно вели дека процесот за Онкологија го води обвинителството, но неговата партија побрза приведувањата да ги припишат како заслуги на Панче Тошковски. И да го стават во непријатна позиција

January 31, 2024 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Кој има вистинска оценка за работата на еден министер – самиот тој, партијата што го предлага или јавноста. Адвокатот Панче Тошковски, кој сега е министер за внатрешни работи во техничката влада, ги знае процедурите во правосудниот систем, се разбира и кога се во прашање истрагите. И дека „командант на целата парада“, според законот, е јавното обвинителство.

Затоа вчера беше многу внимателен, а и прецизен, да не ја презема работата на обвинителството во случајот со приведувањата на вработени од Клиниката за онкологија.

Гостувајќи на Сител адвокатот Тошковски, кој сега е министер за внатрешни работи, ги кажа единствените можни работи: „МВР постапува по наредба на Основното јавно обвинителство, се преземаат сите мерки кои што треба да се преземат, а надлежноста за целиот процес е на ОЈО. Јас настапувам од позиција на министер за внатрешни работи. Шеф на целокупниот процес е ОЈО. Излегоа, дадоа образложение, тоа е сѐ што можам да кажам во делот на самиот процес“.

Но неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ, денеска побрза да не биде внимателна, ниту прецизна, ниту одговорна како адвокатот Тошковски кој сега е министер. Акцијата што вчера ја спроведуваше обвинителството и во која учествуваше полицијата по неколкумесечна истрага, партијата му ја припиша на адвокатот кој стана министер. И дека тој уште вториот ден од преземањето на должноста тргнал храбро во справувањето со криминалот. Заедно со техничката влада на чие чело е Талат Џафери.

„Првиот работен ден новиот министер за внатрешни работи тргна во решавање на Онкологија. Прашањето е, зошто овој случај се ставаше под тепих?… Едноставно се чекаше техничка влада и технички министер да се размрдаат работите. А, постапката за откривање на случувањата на Онкологија требаше да биде завршена уште вчера“.

Не е важно обвинтелството, не е важна неговата истрага, не се важни ни десетиците сослушани сведоци, важно е дека новиот министер веќе вториот ден тргнал во „крстоносна војна“ против криминалот. Дури и кога не е точно, како што изјави самиот Тошковски.

Со ваква глорификација на сопствените партиски кадри и тоа во ситуации кои немаат никаква врска, ВМРО-ДПМНЕ е на пат брзо да му нанесе повеќе штета отколку корист на Панче Тошковски, адвокатот кој стана министер и кој најави дека строго ќе внимава да се почитува презумпцијата на невиност, како и законитоста на постапките. Она за кое што со години ги застапува своите клиенти во судниците.

Вака, ВМРО-ДПМНЕ ќе му постави на грбот на Тошковски три товари и ќе ја подготвува јавноста дека адвокатот кој стана министер работите почнува да ги решава за ден или два. Ако поминат три дена јавноста веќе ќе прашува што е со ефикасноста на Тошковски.

И се разбира, негативниот одиум, ќе се префрли врз адвокатот кој стана министер за внатрешни работи и кој ќе бара да се почитуваат сите правни постапки. Ако замижи барем на едно око за целата правна процедура тогаш министерот за внатрешни работи ќе се стави во опасност да ги фрли во вода сите негови принципи и залагања од времето кога беше адвокат. И страсно ги застапуваше своите клиенти во судниците. (Н.В.)

Преземено: Независен.мк 

Next Post

Јусов: Русија користи севернокорејски артилериски гранати во војната против Украина

НАЈНОВО

Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025
Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk