На вчерашното „супер гласање“ во САД, Бајден обезбеди победи од Тексас до Масачусетс, во 9 од 14 соединети држави каде имаше гласање. Бајден ја врати во живот кампањата која се чинеше дека е на раб на пропаст само неколку дена претходно. Но, неговиот противник Берни Сандерс ја зграби најголемата добивка со победа во Калифорнија. Се чини дека оваа победа на Сандерс и неговата идеја за демократски социјализам ќе биде водечка тема на демократите во борбата која претстои.
На демократите може да им требаат неколку недели, па и месеци, за да изберат еден од овие двајца против претседателот Доналд Трамп за изборите во ноевмри. Битката меѓу Бајден и Сандерс се дефинира во вторникот вечерта, кога двајцата опоненти, поранешниот заменик претседател од една страна и сенаторот од Вермонт со три мандати зад себе од друга страна, се обратија еден на друг во победнички говори од различни страни на државата.
„Не можете да го победите Трамп со едните те исти, стари политики“ изјави Сандерс, посочувајќи на низата разлики во политиката на Бајден за социјална безбедност, трговија и воена сила. „Ова ќе стане контраст на идеи“.
Победите на Бајден беа овозможени од гласачите на демократите кои му го отворија патот непосредно пред гласањето, еден вид бран кој го сменил текот на трката за неколку часа. Во некои од државите, повеќе од пола од клучните гласачи гласале подоцна во текот на денот. Бајден влечел поддршка од широкото коалицирање со модерати и конзервативци, афроамериканци и гласачи постари од 45 години.
Успехот на Сандерс покажа дека тој може да испорача резултати во еден од најголемите тестови на неговата повеќедецениска политичка кариера. Неговиот успех пак, е базиран на енергични либерали, млади луѓе и латиноамериканци. Сепак, Сандерс не успеа да ги освои симпатиите на постарите гласачи и дипломци на факултети, кои се пак голем дел од гласачкото тело на демократите.
Превод: А. Н. С.
Извор: Yahoo News