Министерот за внатрешни работи од ДПМНЕ, јавно изјави дека не успеале да ја убедат амбасада на соседна Грција, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека ДПМНЕ не може една амбасада да убеди.
„Тоа е истото ДПМНЕ, кое велеше дека можат меѓународен договор да променат, дека може да го променат и францускиот предлог и преговарачката рамка. Преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ, го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме“, потенцира СДСМ.
Уште една невистина на ДПМНЕ е разоткриена. Едно зборуваат пред – друго прават откако се дел од власта, заклучуваат од партијата.