ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски и Апостолска: „Теламон“ ги препозна одговорните политики на Владата

Разговаравме и за развојната компонента, за идните планови на компанијата. Драго ми е што тие одлучиле сепак да го прошират своето производство, својот капацитет на дополнителни околу 7.500 квадратни метри и за дополнителни нови околу 300 вработувања. Сето тоа е многу значајно за развојот на македонската економија, за отворање на нови работни места, што впрочем е една од целите на Владата, истакна Спасовски

March 4, 2020 16:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, придружуван од министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, ја посети американската компанија „Теламон“ и се запозна со нивните тековни активности и производни капацитети во нашата земја, во кои се произведуваат кабли за автомобилската индустрија.

Како што соопшти владината прес-служба, по посетата Спасовски изразил задоволство дека оваа компанија одлучила својата фабрика да ја отвори во нашата земја и истакнал оти сите очекувања предвидени со договорот се остварливи.

Тој навел дека станува збор за инвестиција во висина од четири милиони евра и со проектирани 300 работни места.

– Разговаравме и за развојната компонента, за идните планови на компанијата. Драго ми е што тие одлучиле сепак да го прошират своето производство, својот капацитет на дополнителни околу 7.500 квадратни метри и за дополнителни нови околу 300 вработувања. Сето тоа е многу значајно за развојот на македонската економија, за отворање на нови работни места, што впрочем е една од целите на Владата, истакна Спасовски.

Тој нагласил дека Владата ќе продолжи да го поддржува бизнис секторот со цел да се создадат услови за побрз економски раст, кој ќе донесе придобивки и за работниците и за работодавачите, но и за државата.

Министерката Апостолска, како што соопштија од Владата, истакна дека американската компанија „Теламон“ веќе втора година произведува кабелски склопови за автомобилска безбедност и соработува со реномирани автомобилски производители во светот.

Таа потенцирала дека активностите на овој производен капацитет придонесуваат во зголемувањето на извозот од нашата држава и сето тоа влијае врз растот на бруто домашниот производ.

– Владините политики успешно се спроведуваат, а имаат приоритет во индустрискиот сектор. Особено се стремиме да се работи на мотивација за создавање на поголема и додадена вредност  во индустрискиот сектор. Од тие причини можам да потврдам и со бројки дека во реалниот сектор тие се одлични. Растот на трговската размена е зголемена за 10 проценти, особено во рамките на извозот каде што и достигна 6,4 милијарди евра, кај индустриското производство растот е 3,7 проценти, подвлече министерката Апостолска.

Next Post

Таравари: Менувањето на имињата на училиштата во Чаир е смешен чин

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk