ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Со бранење на лични интереси се прокоцкува иднината на државата

February 8, 2024 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пораките од работната посета во САД и измените на Законот за рестриктивни мерки беа централна тема во синоќешното интервју на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на телевизија Шења, информираат од прес-службата на Владата.

Осврнувајќи се на средбите со официјалните претставници во Вашингтон, Грковска истакна дека поддршката што САД и ја дава на Северна Македонија за постигнување на сите стратешки цели и интереси е недвосмислена и историски докажана.

„Имајќи го предвид стратешкиот дијалог со САД, во чии рамки има поглавје за соработка во борбата против корупцијата и организираниот криминал, сметам дека е недопустливо за нас како држава да ги ставаме САД во позиција да поднесуваат посебно барање. Затоа предложив да се прошири делот за рестриктивни мерки. Во суштина, да се допрецизира оној дел кој што е веќе во Законот“, изјави Грковска во однос на предлог измените на Законот за рестриктивни мерки и додаде „Најодговорно тврдам дека немаше ниту една објективна причина, ниту пак административна, предлогот да биде вратен од Собрание“.

Појаснувајќи ја потребата од законските измени, Грковска нагласи дека во однос на црните листи на САД досега не сме виделе обвинителството да покрене постапка за ниту еден од овие случаи, а со предложените измени обвинителството ќе биде обврзано веднаш да почне со постапката.

Во интервјуто за Шења, вицепремиерката истакна дека нема ниту еден сериозен аргумент за тврдењето дека со овој закон се крши Уставот и суверенитетот и го сподели впечатокот дека за разлика од нашите меѓународни партнери, во нашата држава има структури кои не се заинтересирани за прогресот.

„Очигледни се тие структури кои што едноставно ја прокоцкуваат иднината на државата заради тоа што очекуваат и од таквите квази-експерти да ги бранат нивните лични интереси, наместо сите таа енергија да ја искористиме за да направиме нешто добро за општото добро. Секогаш и во меѓународните документи и во меѓународното право, општиот интерес преовладува над личниот интерес. Јас не сум ниту адвокат на еден од тие што се ставени на црната листа, ниту сум на платен список на некој од нив, ниту сум дел од онаа т.н. експертска фела“, изјави Грковска.

 

Tags: Законот за рестриктивни меркиСлавица Грковска
Next Post

Клоп нема да ја прифати понудата да ја води Барселона

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk