Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска додели 75 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња во износ од 7 000 денари.
-Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, но пред вас има и многу предизвици. Токму затоа Општина Центар е тука да ви даде поддршка. И оваа година продолжуваме да доделуваме парична помош од по 7. 000 денари за секое новороденче, средства кои, се надевам, ќе бидат добредојдени во буџетот на семејствата кои имаат принови. Со оваа финансиска поддршка сакам да испратам јасна порака дека нашата општина се грижи и ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители, истакна градоначалникот Герасимовски, кој лично им ги врачи решенијата за парична помош на родителите.
Како што информираат од Општина Центар покрај овие средства, родителите на новоденчињата добија и помош од клиничката болница Жан Митрев, која редовно доделува ваучери за педијатриски прегледи. Придонес за семејствата со производи наменети за бебињата и мајките дадоа и компаниите ХИП, Кан Бебе, Би-Мек и Европа Лек Фарма.
Центар редовно доделува еднократна парична помош за новите родители во рамки на проектите од областа на детската заштита и грижата за најмладите, жители на Општината.