Претседателот на Собранието утре (среда, 14 февруари) ќе ги распише претседателските избори, а се консултира со собраниските служби дали истовремено да бидат распишани и парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај. Во интервју за МИА тој вели дека доколку не се распишат истовремено изборите секако би ги почитувал уставните рокови, а тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори.
-Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Се уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, рече Митрески во интервју за МИА.
Во интервјуто Митрески зборува за координацијата пред носењето на измените законите поврзани со важноста на возачките дозволи поради, согласно Преспанскиот договор, промена на името на државата.