ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакција на Министерството за транспорт и врски: Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место

February 19, 2024 19:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерството за транспорт и врски ги отфрла обвинувањата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која на прес конференција обвини за незаконски измени на урбанистички план во  скопската општина Ѓорче Петров.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека ги отфрламе паушалните и лажни обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која уште еднаш покажа дека од Градот Скопје направи нефукционална институција. Данела Арсовска да ги води политичките игри и пресметки на друго место и на други теми и да не го вовлекува Министерството за транспорт и врски во креирањето на урбанистичките планови кои согласно закон се во изворна надлежност на општините“, реагираат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму нагласуваат дека „Министерството за транспорт и врски не е институција која носи урбанистички планови, ниту пак се меша во просторниот развој на општните. Ако Данела Арсовска не го знае ова, нека се информира подобро од професионалци кои се занимаваат со оваа дејност“.

„Според увидот што го направи Министерството за транспорт и врски во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП. Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електорнска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење. Потенцираме, цели 72 дена, односно 51 работен ден Град Скопје не одговорил на барањето. Ако од Град Скопје сметале дека планот не треба да биде донесен, имале законска можност дури пет пати и 72 дена да се произнесат негативно. Исто така сакаме да информираме дека во текот на постапката, Општината дури четири пати го доставила овој план до Минисерството за транспорт и врски, од кои три пати министерството даде известување со недостатоци, додека четвртиот пат општината ги корегира сите зададени забелешки. Согласно ваквиот тек на настаните, Комисијата за урбанизам при министерството за транспорт и врски водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање како и од Законот за урбанистичко планирање даде согласност на ДУП-от“, се вели во реакцијата.

Од Министерството потенцираат дека „донесувањето на Урбаниситичките планови не е постапка која ја води Министерството за транспорт и врски, туку согласно домашната легислатива носењето е во надлежност на Советот на општината, односно советниците се тие кои го гласаат или не го гласаат урабнистичкиот план“

„Министертвото за транспорт и врски ќе продолжи да работи согласно законите во Северна Македонија и нема да дозволиме поединци да го вовлекуваат во евтин политички фолклор“, реагираат од Министерството на транспорт и врски.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска на прес конференција изјави дека Советот на скопската Општина Ѓорче Петров на седница одржана викендов изгласал измени на ДУП со кој драстично биле зголемени дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“. Таа додаде дека Советот на општината ги изгласал измените без согласност од Град Скопје.

Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски којшто ги отфрли обвинувањата, како и против министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и уште еден вработен во министерството.

Tags: АрсовскаДУПМинистерство за транспорт и врски
Next Post

Ковачевски: Концептот на СДСМ значи поголеми плати, пензии и демократија

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk