Естонската премиерка Каја Калас денеска на платформата „Икс“ објави дека земјата успешно ја спречила хибридната операција на руските безбедносни сили на територијата на Естонија.
Estonia has successfully stopped a hybrid operation by Russia’s security services on our territory.
We know the Kremlin is targeting all of our democratic societies.
Our answer: be open and reveal their methods. This is the way to deter harmful actions and make us resilient.
— Kaja Kallas (@kajakallas) February 20, 2024
„Знаеме дека Кремљ цели на сите наши демократски општества. Нашиот одговор е да бидеме отворени и да ги откриеме нивните методи. Ова е начин да се оттргнат штетните акции и да зајакнеме“, истакна Калас.
Естонскиот јавен сервис EРР денеска пренесе дека Службата за внатрешна безбедност на земјата (ISS) привела десет лица во рамки на кривичната истрага во врска со вандализацијата минатата година на автомобилите кои припаѓаат на естонското Министерство за внатрешни работи.