Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот Панче Тошковски дека ЕУ ќе ги толерира патувањата со стариот пасош со Република Македонија и тргнале кон Бугарија. Со обичната патна исправа стигнале само до граничниот премин „Делчево“ и бидејќи бугарската гранична служба не им дозволила да влезат со старите пасоши, па како привилегирани, се послужиле со дипломатските, пишува „Независен“.
Интересно е што кога двајцата пратеници приложиле дипломатски пасоши, кои исто така се со старото уставно име на државата, граничарите им ја кренале рампата и им соопштиле дека досега не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.
Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи – уште една политичка „патка“ на ВМРО-ДПМНЕ со која само ќе се прекрши Преспанскиот договор а граѓаните и натаму ќе ги враќаат од граници бидејќи законот ќе важи само во Македонија.
Од СДСМ утрово порачаа декаа ВМРО-ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.
„ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши. Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци“, порачаа од оваа партија.
Преземено од Независен.
Поврзано: