ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митрески на 80-годишнината од Февруарскиот поход: Делата на борците за слобода ги поставија темелите на нашата државност

February 27, 2024 15:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Јован Митрески, денеска учествуваше на одбележувањето на јубилејот – 80 години од Февруарскиот поход и од смртта на народниот херој Кузман Јосифовски Питу.

Во поздравното обраќање пред присутните на настанот во Домот на Армијата, во организација на Главниот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, Митрески истакна дека делата на борците за слобода ги поставија темелите на нашата државност.

Тој посочи дека наша обврска е да го продолжиме делото на борците од Февруарскиот поход, а како што рече тоа е зачувувањето на самостојна државност и обезбедување на просперитет за денешните и идни генерации.

Февруарскиот поход е една од историските лекции за нашата земја на кои треба постојано да им се навраќаме продолжувајќи да ја трасираме иднината за новите генерации, како што борците за слобода ја трасираа сегашност што ја живееме. Наша е обврската да го продложиме делото на борците од Февруарскиот поход, да го продолжиме делото на Кузман Јосифовски – Питу и на сите негови соборци, наши херои, а тоа е да ја зачуваме нашата независна и самостојна државност, но и да обезбедиме просперитет и развој за денешните и идните генерации, истакна Митрески.

Тој се осврна на својата неодамнешна посета на Украина, посочувајќи дека земјава и овој пат, исто како и во Втората светска војна е на вистинската страна.

– Сега, кога не многу далеку од нас повторно се води војна, Северна Македонија и овој пат, заедно со своите сојузници, е на страната на прогресивните сили. Ужасите што не можевме ниту да замислиме дека може да се случат денеска, и за кои мислевме дека се минато, особено после страдањата што ги преживеа особено Европа, после Втората светска војна, повторно се тука, повторно на европско тло. Нашата држава, нашите граѓани и овој пат, исто како и во минатото, во Втората светска војна, застанаа на вистинската страна, на страна на демократијата, на човековите права, на страната на мирољубивоста и соживотот, рече Митрески.

Tags: борците за слободаМитрескиФевруарскиот поход
Next Post

ДИК: Утре почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори

Shortcut

Најново

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk