ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК: Утре почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори

February 27, 2024 15:31
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Утре, на 28 февруари, во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претстојните претедателски и парламентарни избори.

Како што беше речено на денешната седница на ДИК, увидот во Избирачкиот список ќе трае до 18 март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата https://izbirackispisok.gov.mk/.

Во подрачни одделенија ќе може да се поднесуваат и писмени барања за запишување, дополнување или бришење на податоците на граѓаните во Избирачкиот список.

Согласно Роковникот и Изборниот законик, Избирачкиот список што ќе оди на избори се заклучува и потпишува најдоцна 15 дена пред изборите.

-Во инетерес на транспрентноста на изборниот процес, апелираме граѓаните да го искористат правото и да ги проверат своите подоатоци. Согласно Роковникот и Изборниот законик, податоците за Избирачкиот список се ставени на увид со состојба од денот на распишување на изборите, 14 февруари, а по јавниот увид, ако има основани барања за одредени промени, ДИК соодветно ќе постапи, истакна членот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој потсети дека адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.

-Тоа се истите подрачни одделенија и канцеларии каде во моментов тече постапката за собирање потписи. Покрај непосреден, јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, граѓаните може да направат увид и на нашата веб страница https://izbirackispisok.gov.mk/,  додека непосредно во подрачните одделенија може да поднесат писмени барања за запишување, дополнување или бришење на нивните податоци во Избирачкиот список – ако некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или ако е запишан, а нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината, ако некое лице е починато во меѓу време, ако е сменета адресата или личното име, односно ако се неправилно запишани, објасни Кондарко.

За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК, напомена Кондарко, ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свео право во интерес на изборниот процес.

Покрај Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за претедателките и парламентарните избори, ДИК на денешната седница го усвои и Упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори.

Tags: ДИКизбирачкиот списокизбори
Next Post

Со одлука на Владата Вевчанскиот карневал прогласен за нематеријално културно добро

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk