Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа која утрово се случи на патот Кавадарци-Росоман.
Територијалната противпожарна единица на Кавадарци излезе на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција и едно амбулантно возило.
Двете повредени лица во сообраќајката се помлади, на околу 23 години, а едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци.
Регионалниот пат Кавадарци-Росоман, од 07:00 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ.
Сообраќајката се случила на излез од село Манастирец.