ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од март сите инспекторати ќе бидат вклучени во Е-инспектор

February 29, 2024 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е- инспектор, од март ќе бидат приклучени сите инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.

На денешниот брифинг за новинарите, вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  Рената Младеновска го презентираа напредокот и ефектите од воспоставувањето на Информацискиот систем Е-инспектор, во којшто првично започнат како пилот проект во 2021 година со поддршка на УСАИД, беа вклучени само три инспекторати.

Вицепремиерката Грковска, истакна дека од минатата пролет, со поддршка на ЕБОР, биле вклучени дополнителни 13 инспекторати во алатката Е-инспектор којшто е во насока на дигитализација на процесите на инспекторатите со тоа што ќе се овозможи поголема контрола, транспарентност и поголема ефикасност.

-Самиот факт дека целиот процес од давање на налог на инспекторот за излегување на увид до целата постапка, до моментот на генерирање на извештај, на електронски  записник ја намалува можноста за корупција, овозможува поголем увид од страна на директорите на инспекторатите до каде е процесот, нема можности за чување на извештаи во фиока, заради тоа што нема веќе можност за потпишување на хартиени документи. Со тоа се оди во насока на зголемување на довербата во институциите, на зголемување на довербата во инспекторатите, меѓутоа истовремено ќе даде реален приказ на индивидуалната одговорност, односно точно на оние коишто добро и професионално си ја вршат работата со можност да бидат наградени за тоа,.меѓутоа, истовремено и за оние кои ја злоупотребуваат својата позиција, рече Грковска.

Претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска најави дека од крајот на март годинава, 15 државни инспекторати и Инспекциската служба при Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започнат да ги вршат инспекциските надзори преку систем Е-инспектор.

– Со тоа 90 отсто од државните инспектори коишто се во надлежност на Советот целосно ќе ја вршат инспекциската постапка преку овој систем. Се надеваме дека покрај придобивките што ги презентираше Грковска, дека со овој систем особено ќе ја зголемиме и довербата кон субјектите на надзор, ќе обезбедиме подобра бизнис клима, бидејќи реално во овој систем субјективното влијание на инспекторот ќе се минимизира, нагласи Рендевска.

Директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска ја истакна важноста од унифицираноста на постапката при инспекцискиот надзор, со што вели се скратува времето на инспекцискиот надзор со меѓуинституционалната соработка, и ќе се овозможи подобро креирање на политиките и на начинот на организација на инспекциските служби.  – Придобивки од системот Е-инспектор ќе имаат и инспекциските служби и субјектите на надзорот, а ќе  се овозможи и приближување до ЕУ стандардите, наведува таа.

Томовска посочи и дека сега до Инспекторатот предничат пријавите за мобинг пред пријавите за исплата на плати и придонеси, особено во јавниот сектор. Сепак, таа нагласува дека е евидентно оти не се прави разлика меѓу мобинг и извршување на работните задачи.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска на средбата со новинари информираше дека овој Инспекторат од јануари годинава станал дел од Информацискиот систем Е-инспектор, но засега само за вонредни инспекциски надзори.

Е-инспектор започна во 2021 како пилот проект, во кој првично беа вклучени Државниот пазарен инспоекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат. Примарната цел на проектот е борба против корупцијата преку дигитализација на процесите, а со дополнителен развој на овој систем ќе бидат вклучени сите преостанатите инспекторати, кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет.

Преку овој софтвер и неговата вклученост на Платформата за интероперабилност, инспекторите брзо и лесно ги добиваат сите податоци од другите институции што им се неопходни за да можат квалитетно и навремено да ја спроведат и завршат инспекциската постапка, со што автоматски се намалува и притисокот кон стопанствениците во однос на обезбедувањето на потребните податоци. Со дигитализацијата на инспекциската постапка се воведоа новини, особено во фазата на планирањето на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбеди и автоматско генерирање на записниците и решенијата кои произлегуваат од оваа постапка.

Tags: Грковскаизбориизјави
Next Post

Куршум од пиштолот што го уби Џон Ленон оди на аукција

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk