Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски во разговор со актуелниот вицепремиер Бојан Маричиќ го навредувал претседателот Стево Пендаровски и сугерирал дека само Гордана Силјановска Давкова е нормална кандидатка за претседател.
Тие двајца се сретнале во канцеларијата на ДИК, каде што биле да дадат своја поддршка за претседателските кандидати.
„За Силјановска, нормално, за нормалниот кандидат и за кандидатот кој што може да извади лекарско за пресметливост и за нормална психофизичка состојба” рекол Боцевски во намера да објасни зошто дал поддршка на Силјановска.
Маричиќ на тоа му одговорил дека соработник на Иванов не може да оценува кој е нормален кандидат и кој не, а дека единственото нормално во случајот е да се даде поддршка за докажан претседател и кандидат како што е Стево Пендаровски.