Дваесетгодишниот Италијанец Лука Нарди, победата над Ѓоковиќ во третото коло на турнирот во Индијан Велс ја нарече чудо.
Тој посочи дека по овој триумф на Мастерсот во Индијан Велс станал познат низ целиот свет.
– Пред овој натпревар никој не ме познаваше. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Јас сум многу среќен. Не знам како успеав да издржам и да не се нервирам. Мислам дека се случи некакво чудо затоа што 20-годишен дечко, број 100 во светот, го победи Новак. Ова е лудило. Не очекував да победам денеска, но се обидов да дадам се од себе и го направив тоа, изјави Нарди по натпреварот.
Противник на Нарди во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи Пол.