Еден жител на Ново Мексико почина од чума, што е прв смртен случај од оваа болест во државата од 2020 година, јавува Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на здравствени власти.
Маж кој живеел во округот Линколн, во југоисточниот дел на државата, починал во болница, соопштија од Одделот за здравство на Ново Мексико. Сепак, тие не го открија името на мажот, возраста, расата и етничката припадност.
Чумата може да се лекува со вообичаени антибиотици, а шансите за целосно закрепнување се поголеми ако пациентот рано побара медицинска помош.
Одделот за здравство соопшти дека ќе биде спроведена еколошка проценка на заедницата за да се утврди ризикот од чума