Меган Маркл и принцот Хари викендов во Лондон ги извршуваат последните преостанати кралски активности. Ова е нивно последно појавување како кралска двојка. Медиумите го нарекоа ова „збогување со Лондон“ затоа што парот со својот син Арчи планираат да живеат преку океанот, во Канада или (ако се точни шпекулациите), во САД.
Иако принцот Хари ги напушта кралските должности, а со тоа и кралските бенефиции, тој ќе остане член на војската и ќе ги задржи чиновите со кои се има стекнато.
Меган на настанот носеше креација од Викторија Бекам, и според импресиите од настанот, јасно е дека двајцата се уште поблиски и позаљубени по неодамнешните турбулентни случувања.