На Малта денеска е потврден првиот случај на новиот корона вирус, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Пациентот е 12-годишно девојче кое во вторникот се вратило од Италија.
Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од новиот корона вирус во Италија денеска се зголеми 197 што е најголемото дневно зголемување на смртни случаи од почетокот на епидемијата.
Официјални лица информираа за 24 часа починале 49 луѓе, а пријавени се повеќе од 4.636 случаи.