Експлицитен говор на омраза и ситење на партиските ботови откако познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов доби мозочен удар и се бори за својот живот во Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники.
Поранешниот новинар Цветин Чилиманов, на својот Х профил напиша: „Шарените лошо го поднесоа именувањето на Бени за директор на МКЦ“.
Друштво во ситењето му прави т.н. Миленко Неделковски кој објавил: „Шо кажа? Сите цркви ќе ги запалел?!
Ваквите ликови кои се ситат на туѓа несреќа не се ниту за коментирање. Поголемиот дел од јавноста се спротивставија на говорот на омраза на социјалните мрежи и му посакаа брзо опоравување.
ЦМТ / Цивил Медиа