ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Климатските промени се реална закана за целата цивилизација

March 23, 2024 11:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени се реална и непобитна закана за целата наша цивилизација. Ефектите се веќе видливи и ќе бидат катастрофални доколку не се делува веднаш. Денеска, 23 март, се одбележува Светскиот ден на метеорологијата. Темата за оваа година е „На првата линија на климатските активности“.

Колку далеку отиде глобалното затоплување, колку е потопла нашата планета отколку што беше порано?

Најтоплата година во историјата е 2023 година, со просечна глобална температура од околу 1,45 степени над просечната во споредба со периодот од 1850 до 1900 година. Ова во голема мера се должи на комбинацијата на климатските промени предизвикани од човечки активности и Ел Нињо, природен феномен.

Рекордни количини на стакленички гасови се заробени во атмосферата. Зголемувањето на температурите е придружено со уште поекстремни настани – топлотни бранови, поплави, суши, шумски пожари, тропски циклони, па дури и силни зимски бранови.

Топлината на океаните е исто така рекорд. Затоплувањето се забрза и се очекува да продолжи стотици или дури илјадници години. Зголемувањето на нивото на морето драстично се забрза, што претставува зголемена закана за населението на крајбрежјето.

Светската метеоролошка организација соопшти дека нема време за губење, но дека се уште има надеж луѓето да го запрат глобалното затоплување. Тоа значи дека мораме да направиме драстично намалување на емисијата на стакленички гасови кои ја задржуваат топлината во атмосферата. Составен дел на ова е постепеното укинување на употребата на загадувачки фосилни горива и преминот кон почисти извори на енергија.

Има ли надеж дека глобалното затоплување може да се запре?

Надеж ни дава обновувањето на озонската обвивка.

Озонската обвивка, која штити од штетните сончеви УВ зраци, е на пат кон одновување благодарение на најуспешниот светски договор за заштита на животната средина – Монтреалскиот протокол – и постепеното исфрлање на хемикалиите што го уништуваат озонот.

Ова поставува позитивен преседан за климатските активности и надеж за иднината.

Идниот самит ќе се одржи во септември оваа година. Оваа глобална акција е клучна денес бидејќи ќе ја обликува иднината на нашата планета.

Г. Т.

Tags: глобално затоплувањезаканаКлиматски промениСветски ден на метеорологијата
Next Post

Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници на СДСМ

Shortcut

Најново

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk