ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Посветено работиме за пристапување кон СЕПА

March 24, 2024 14:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената  област за плаќањa во евра – СЕПА, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews).

Како што соопштија од кабинетот на гувернерката, таа посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од централната банка и усогласени со ЕУ регулативата.

-Преку интеграцијата на земјата во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како и голем број земји кои не се ЕУ членки, преку кредитни трансфери и директни задолжувања, на брз, безбеден и ефикасен начин, како и националните плаќања. Со пристапот кон СЕПА, ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции, што е особено значајно за дознаките кои ги праќаат нашите граѓани од странство, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката, се додава, истакнува дека развојот на платните системи, зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците за прекуграничните трансакции, се во рамки на приоритетите на Народната банка, бидејќи тие ќе обезбедат повеќе благодети за домаќинствата, компаниите и ќе влијаат на поттикнување на економскиот раст.

-Трансакциските трошоци за увоз и извоз се многу значајни за фирмите, како и за нашата економија во целина, имајќи предвид дека таа е многу отворена. Намалувањето на трошоците за компаниите би помогнало во целокупниот раст на економијата. За да ја постигнеме оваа цел треба да продолжиме со усогласување на нашите регулативи со СЕПА, како и подготовката на самата платежна инфраструктура, посочува Ангеловска-Бежоска.

Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА се состои од 36 земји меѓу кои 27 ЕУ држави-членки, три земји од Европската економска област – ЕЕА како и шест земји кои не се членки на ЕЕА, а на кои е проширен географскиот опсег.

На почетокот на годинава шесте земји од Западен Балкан се договорија да ги намалат надоместоците за финансиските трансакции во регионот, усогласувајќи ги регулативите со оние со земјите во СЕПА, се наведува во соопштението.

Tags: Ангеловска-БежоскаСЕПА
Next Post

Големиот терористички напад во Москва е силен удар за Путин, кој ѝ ветуваше безбедност на Русија

Shortcut

Најново

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk