ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Полиграф“: Кој дезинформира дека претседателските избори во Русија биле „апсолутно чисти и фер“?

March 26, 2024 15:11
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Дел од медиумите продолжуваат некритички да пренесуваат фактички непоткрепени тврдења од Москва, станувајќи гласници на руската пропаганда.

На 20 март 2024, порталот А1он објави наслов „Песков: Изборите во Русија беа апсолутно чисти и фер“, кој проби на агрегаторот на вести time.mk. Во насловот и во текстот се фаворизира пораката на Кремљ дека изборите „биле фер, и покрај обвинувањата од западните влади, независните набљудувачи и опозицијата“.

Но, тврдењето дека изборите во Русија биле „апсолутно чисти и фер“ не е поткрепено со факти. Прво, во Русија по вторпат немаше оценувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, поради одлуката на Москва да не покани набљудувачи, што од претставници на ОБСЕ/ОДИХР беше оценето како демократско уназадување.

За тоа какви биле изборите во Русија, со оценка на 14 март 2024 се огласи претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. „Луѓето одат на избори, да, но елиминацијата на која било организирана опозиција во последниве години, ефективната контрола на медиумскиот простор од страна на актуелните власти, како и постојаното кршење на слободите на изразување, здружување и собирање, сето тоа предизвикува сомнеж дали овие навистина треба да се сметаат за избори“, изјави Каума.

Покрај ОБСЕ, одржувањето на руските избори во окупираните територии од Украина го осудија како илегално претставниците на ОН, а претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Теодорос Русопулос истакна: „Овие избори немаат легитимитет. Немаше вистински алтернативни кандидати, немаше слободни медиуми, немаше кредибилни набљудувачи присутни. Граѓанското општество е замолчено. И пред сè, овие избори беа спроведени и на нелегално окупираната и анектирана територија на Украина“.

Затоа, тврдењето на Песков што го пренесоа медиумите, дека изборите во Русија биле „апсолутно чисти и фер“, може да се оцени како пропагандна дезинформација на Москва.

Преземено: СМК

Next Post
Слаѓана Милошевиќ

Почина авнгардната уметница и пејачка Слаѓана Милошевиќ

НАЈНОВО

Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пријатна атмосфера за време на средбата Трамп-Зеленски, овој пат Венс молчеше

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk