Авангардната уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ почина денеска на 69-годишна возраст, потврди за ФоНет нејзината пријателка Билјана Петровиќ, пренесе N1.
Милошевиќ почина во Земунската болница по кратко боледување, а датумот и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесеттите во Југославија.
На површината на југословенската поп-рок сцена излегла во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапувала пред Бело Дугме.
Огромен успех доживеа во 1984 година кога со Дадо Топиќ го испеа дуетот „Принцеза“.