Политичките партии ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партија за целосна еманципација на Ромите денеска потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните избори. Договорот беше потпишан од тројцата партиски лидери Стевчо Јакимовски на ГРОМ, Љупчо Ристовски на ИНТЕГРА и Самка Ибраимовски на ПЦЕР.
Како што истакнаа, непромена на Уставот, пораст на животниот стандард, социјална заштита на граѓаните, подобро образование, безбедносен систем, енергетика, инфраструктура…се дел од програмата на Коалицијата „Храбро за Македонија“ со која ќе учествуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори.
Коалицијата ги објави и носителите на избирачките листи во шесте изборни единици со кои ќе учествуваат на парламентарните избори закажани на 8 мај.
Во Првата изборна единица носител на листа ќе биде Добрила Андоновска, во ИЕ2 ќе биде Љупчо Ристовски, во ИЕ3 Јордан Николов, ИЕ4 Ружица Николова, ИЕ5 Самка Ибраимоски и во ИЕ6 Зоран Софрески.