Со ставањето потпис на договорите на претседателите на политичките партии Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), денеска во Гостивар беше официјализиран коалицискиот договор за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ на прес-конференцијата во Центарот за култура „АСНОМ“, коалицискиот договор го оцени како историски чин на соработка која, како што рече, ќе трае и по изборите.
И двајцата лидери во изјавите истакнаа дека очекуваат победи на претстојните избори.