Центарот за современи уметности – Скопје, СБункер – Косово и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Романија, организираат изложба „УМЕТНИЦИ и БЕГАЛЦИ“ во Националната галерија Чифте Амам – Скопје. Изложбата се отвора на 2 април (вторник) 2024 година со почеток во 19 часот.
Изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на Украинските бегалците директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалсикте заедници во Романија на почетокот на-Март 2024 година.
Автори се: Ѓорѓе Јовановиќ (С. Македонија), Маја Танева (С. Македонија), Озбек Ајваз (С. Македонија), Бутринт Паша (Косово), Диела Вала (Косово), Андин Бакија (Косово), Серхи Тиекхов (Украина).
Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Network