ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Набавката на хеликоптери е чиста и транспарентна, ја поздравувам проактивноста на Антикорупциската комисија

March 29, 2024 22:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Колку што јас разбрав, иако до овој момент од денот кога беше објавено од страна на Антикорупциската комисија дека отвораат сличај за набавката на хеликоптерите до денес, во Министерството за одбрана не е пристигнато барање од стана на Државната комисија за спречување на корупција со кој побаруваат од нас дали било некои документи или материјали итн, изјаснувања по таа претставка. Чинам разбрав од јавноста дека станува збор за анонимна претставка која е испратена до нив, но нејсе. Јас веднаш ја поздравив нивната проактивна улога и нивниот интерес да го испитаат како што велат тие овој случај, иако за мене нема случај затоа што набавката е чиста и е транспарентна. Во поглед на законските прописи апсолутно е внимавано и нема колизија со ниту еден закон, вклучително и изборнот законик, затоа што ова е набавка која што е планирана и во Годишниот план за набавки, планирана е претходно и во Долгорочниот план за развој во одбранбените способности, ништо не е менувано преку ноќ во поглед на оперативните побарувања, потребите итн. Напротив, она што е декларирано како потреба од страна на Армијата, соодветниот интегриран проектен тим, таа задача, таа мисија е завршена и завршува со потпишувањето на договорот со компанијата која што е избрана,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Во однос на тоа дали опозицијата била запознаена со набавка на хеликопетри, Петровска потврди.

„На Комисијата за одбрана и безбедност, бидејќи согласно со процедурите откако Владата ќе усвои договор Влада со Влада и формација за потребата за склучување на ваков договор, пред договорот да биде склучен Министерството за одбрана испраќа инфомација до Комисијата за одбрана и безбедност, се свикува седница на која што јас присуствував, имаше и претставници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои јасно и тоа се гледа во записите од таа седница кажаа дека со ништо нема да го попречат овој проект, меѓутоа изразија определени прашања кои подоцна на истата таа седница од страна на членовите на Комисијата за набавки која е составена од стручни лица од Армијата беше презентиран целиот концепт, беше направена презентација на тоа што ние набавуваме, што впрочем беше направено и ден претходно на брифингот со новинари кои го имавме, така што јас тука не гледам елементи за тајност или нетранспарентност, напротив сметам дека целата постапка беше спроведена и транспарентно и јавно, но секако тоа не значи дека Државната комисија за спречување на корупција нема право, напротив имаат законска надлежност имаат и обврска и Министерството за одбрана како што реков стои на располагање да им одговори на сите нивни дополнителни прашања или барања кои ќе бидат доставени до нас,“ посочи Петровска.

Tags: набавка на хеликоптериПетровска
Next Post
Фото: Скенирано од архивата на Филхармонија

(ФЕЉТОН дел 5) Пат околу Македонската филхармонија за 80 години: Маестро Шурев - „Ангелот на музиката“

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk