Родителите наместо да корнат коси затоа што нивните деца со часови играат видео игри, треба да ја охрабруваат нивната креативна употреба на технологијата, изјави за Би-Би-Си експертот за вештачка интелигенција Демис Хасабис. Сер Демис Хасабис рече дека децата треба да се охрабрат да создаваат и дапрограмираат. Самиот ко-основач и шеф на DeepMind на Google пораснал со шах и игри. Google ја купи неговата фирма за 400 милиони фунти во 2014 година.
Сер Демис изјави за BBC Radio 4 Today дека игрите му помогнале да стане успешен.
„Важно е да се нахрани креативниот дел, а не само да се играат [игри]“, рече тој. „Никогаш не знаете каде водат вашите страсти, па јас всушност само би ги охрабрил родителите да ги натераат своите деца навистина да се страстни за нештата, а потоа да ги развијат своите вештини преку тоа“.
Тој рече дека децата ќе мора да бидат подготвени да бидат многу прилагодливи во светот што се менува.
Сер Демис, „чудо од дете“ во шахот, дизајнирал и програмирал игра која се продава од повеќе милиони, наречена Тема парк во неговите тинејџерски години, пред да оди на Универзитетот во Кембриџ.
По дипломирањето, Демис основал фирма за видео игри, завршил докторат по невронаука, а потоа го коосновал DeepMind во Лондон во 2010 година, кој подоцна го продаде на Google.
Во четвртокот тој објави на X велејќи дека е „воодушевен“ што ја добил својата титула витез за заслуги од полето на вештачката интелигенција.
Извор: Би-Би-Си
Марта Пешевска