ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Покачување на платите до 180.000 во терциерното здравство, до 140.000 во секундарното и до 120.000 на општите лекари

March 31, 2024 17:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешното претставување на т.е. „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата, носителот на листа во ИЕ4 Венко Филипче говореше за подобрување на финансиската состојба на здравствените работници.

Тој најави дека веќе е започнат успешен процес на обезбедување европски услови за нашите здравствени работници преку покачување на платите, платените специјализации и едукацијата.

„Одливот на кадар е предизвик за целиот регион, многу од нашите таленти ја бараат својата можност во странство. Сега нашата цел е да го надградиме овој модел и обезбедиме враќање на дел од македонските лекари од странство. Ќе понудиме европски плати за лекарите кои што сакаат да се вратат да работат и да ги едуцираат идните млади лекари дома“, рече Филипче.

Иако, како што рече, планот за следните четири години е амбициозен, тој е и реален и насочен кон клучните проблеми и реформи потребни во здравството.

Во таа насока, поранешниот министер за здравство се обврза дека во следниот мандат платите на сите здравствени работници значително ќе се покачат, откако вкупните примања на лекарите специјалисти се повеќе од двојно зголемени.

„Платите за специјалистите ќе се зголемат во терциерното здравство до 180.000 денари, во секундарното здравство до 140.000 денари, на општите лекари до 120.000, на медицинските сестри со висока школа до 90.000 денари, а на оние со средна 60.000 денари“, кажа Филипче на денешниот настан.

Тој потенцираше дека ова е правична компензација за оние кои ги посветуваат своите животи за спасување на другите.

Tags: платиФилипче
Next Post
Фото: ФБ

Исчезнатата Енкеледа Чела е Македонка од Голо Брдо

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk