ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска Стојчевска: Нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура

April 3, 2024 12:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на прес-конференција по повод реакцијата на Синдикатот за наводното непокачување на плата, посочи дека нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот. Посочи дека единствената промена која што е внесена во диспозитивот, е минималната плата.

-Во самото решение стои дека платата се пресметува на следниот начин – основна бруто плата по следните основи: минимална бруто плата која е објавена во Службен весник согласно закон и општ колективен договор, коефициентот на сложеност согласно колективниот договор на вработениот има право на 0,5 додаток на основна бруто плата за секоја година работен стаж најмногу за 20 отсто. Овие три компоненти се непроменети. Нема промена во општиот колективен договор, нема промена во колективниот договор на Синдикатот за култура и правото за секоја годима работен стаж останува, рече Костадиновска Стојчевска.

Како што посочи, единствената промена која што е внесена во диспозитивот е минималната плата, затоа што таа е единствената компонента која што е променета.

-Со измените на Законот за минималната плата, минималната плата сметана од месец март 2024 година изнесува 33,352,000 денари. Ова значи дека единствената компонента која што од оваа плата е менлива, е минималната плата. Токму затоа таа стои во диспозитивот, рече министсрката.

Како што појасни, во изработката на ова решение се консултирале со МТСП, со Државниот инспекторат за труд, службите во Министерство за култура и беа прашани сите активни чинители.

-Ниту една правна или сметководствена служба до денес не се јави од која било установа да каже дека има проблем со пресметката на плата, рече министерката.

Вработените во културата стравуваат дека нема да го земат зголемувањето согласно усогласувањето со минималната плата и предвидените 10 проценти како што е предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор.

Тие денеска на протест пред Министертвото за култура ја повикаа министерката за култура да им достави законски упаства за пресметка на плата со што ќе се испочитуиваат двата колективни договора – колективниот договор потпишан со Министерството за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор.

– Ја повикуваме министерката уште еднаш да не биде трагичар во културата, туку да се одважи, да се соочи и да им застане на патот на сите оние кои сакаат да го растурат она што заеднички го градевме. Ја повикуваме да достави законски упатства за пресметка на плата со што ќе се испочитуваат двата колективни договора, а избегнат големи судски трошоци што ќе паднат на товар на државата, изјави Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот на култура.

Таа посочи дека на последната седница на Советот се донесени неколку одлуки меѓу кои и одлука за протести.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска Стојчевскаколективен договоркултура

НАЈНОВО

Интервју со Жанета Ќосе: Учениците не се клиенти, а училиштата не смеат да станат фирми, образованието има поширока општествена мисија

May 19, 2025

Младите не се проблем, туку шанса, да ја искористиме таа шанса, порачува Чупеска

May 19, 2025

Герасимовски: Отворен повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk