Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-полковник Херзи Халеви во вторникот се извини за воздушните напади во кои загинаа седум хуманитарни работници во Газа, нарекувајќи го „грешка што следеше по погрешна идентификација“. Тој рече дека се истражува фаталниот инцидент, пренесува Си-Ен-Ен.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „огорчен и со скршено срце“ од убиствата на хуманитарните работници, додавајќи дека Израел „не направил доволно за да ги заштити цивилите“.
World Central Kitchen, добротворна организација во која работеле хуманитарните работници, во вторникот ги сподели идентитетите на убиените: Џон Чепмен, 57; Џејмс (Џим) Хендерсон, 33; Џејмс Кирби, 47; Џејкоб Фликингер, 33; Демијан Собол; Лалзавми (Зоми) Франком и Саифедин Исам.
Во газа се убиени повеќе хуманитарни работници за помалку од шест месеци отколку во кој било друг конфликт годишно во последните 20 години
Во војната на Израел во Газа загинаа над 190 хуманитарни службеници од 7 октомври. Претходно, најголем број жртви во една година беше забележан во Сирија во 2018 година каде беа убиени 56 хуманитарни работници и во Авганистан во 2013 година каде беа убиени 48 лица.
Д. Т. / Цивил Медиа