Утринава после 9 часот бев известена дека настанал пожар во Универзала сала. Ова е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види пожарот е ставен под контрола, објави на фејсбук министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.
Најважно е дека нема жртви и нема повредени.
Таа истакна дека на терен се и надлежни органи и стручни лица. Очекуваме првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност.
„Бев информирана дека изгорел внатрешниот дел од салата.
Важно е да се знае дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена. Салата е осигурана.
Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите што е можно поскоро.
Она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала. Денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме“, објави министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.