Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју објавено во вторникот, нудејќи дополнителни критики за начинот на кој Израел се справува со конфликтот во Газа, пренесува Би-Би-Си.
„Мислам дека тоа што го прави е грешка. Не се согласувам со неговиот пристап“, истакна Бајден во својата изјава за Univision, американска ТВ мрежа на шпански јазик.
Тој потенцираше дека израелските воздушни напади во кои загинаа седум хуманитарни работници се „безобразни“ и повика на прекин на огнот.
М. П.