ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Арсоски: Не изгоре Универзалната сала туку материјал кој требало да биде изваден

April 12, 2024 13:38
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во Универзалната сала изгоре елементот кој што требаше да биде дислоциран. Речиси 70 проценти е демонтиран материјалот кој беше во наша надлежност да го демонтираме. Секоја штета која е направена на терен ќе ја сносат нашите компании, изјави денеска по брифингот со новинарите Лазар Арсоски, сопственик на „Универзал Балкан“ Скопје, фирмата изведувач што ја реконструира Универзалната сала.

-Речиси 70 проценти е демонтиран материјалот којшто беше во наша надлежност да го демонтираме и да го исфрлиме шутот. Во глобала во Универзална сала изгореа елементи коишто требаше да бидат дислоцирани од тој објект. Се’ што беше вредно, се’ што имаше некаква вредност за во музеј и за да може да се искористи уште во 2021 година беше извадено од салата. Во глобала, во салата беа старите материјали како иверица, стар челик, стар алуминиум, рече Арсоски.

На новинарско прашање дали пожарот всушност им ја олеснил работата со оглед на тоа што изгоре елементот што требаше да биде дислоциран, тој рече дека сега ќе биде потешко бидејќи ќе треба да се направи и нов елаборат за тоа како да се извади стопениот челик, наместо да се демонтира како што било претходно предвидено.

Тој посочи дека двете компании кои ја реконструираат Универзалната сала – Актива Штип и „Универзал Балкан“ ќе ја сносат штетата која е направена на терен. Осигурано е, како што подвлече, се што е во објектот на Универзалната сала. Секоја штета ја поправа компанијата.

-Договорот е таков и од него нема бегање. Ќе се види која е направената штетата и нашите компании ќе ја сносат. Секоја штета што ја има на оваа челична конструкција ако биде увидена, ќе биде заменета со нова и се тоа ќе се среди. Се’ дури е во наше владение проектот ние тоа мораме да го направиме и ќе го направиме. И уште еднаш да објаснам, од овој пожар нема жртви и не е направена преголема штета на самиот проект. Доколку постои штета, ние ќе ја сносиме како последица. Професорите од Градежен факултет ќе кажат што е она што треба да се санира, изјави Арсоски.

Љубин Макаровски, надзорен инженер од ЕОС Е.Е. денеска по брифингот изјави дека во Универзалната сала најпрвин треба да се направи испитување, вештачење и ќе мора да се испита новата постојна конструкција. Кога ќе се покаже дека коегзистенцијата на материјалот, на металот не е нарушена, тогаш ќе се продолжи со работа.

-Доколку металната конструкција е оштетена ќе биде заменета, а доколку само делови се оштетени, ќе бидат променети само тие делови. Запалениот дел требало секако да се реконструира, а за тоа до сега не се потрошени пари бидејќи истото требало да се случи во втора фаза, рече Макаровски.

Тој напомена дека во Универзалната сала се работело во две фази, пожарот се случил кога требало да се работи во втората фаза.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за време на брифингот посочи дека Универзалната сала ќе биде реконструирана и вратена на скопјаните. Упати апел до градоналачничката на Град Скопје да ја признае важноста на Универзалната сала, посочувајќи дека им требало многу време да ја добијат документацијата за преземање на надлежностите.

Next Post

Британски министер за одбрана Шапс: Нов воен ласер ќе соборува руски дронови во Украина

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk