ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Филхармонија „Мирисот на липите“, концерт на пијано на Дуња Иванова проследен со текст и нарација на Тина Иванова

April 12, 2024 15:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вторник, 23 април, од 20 часот во Филхармонија „Мирисот на липите“ – концерт на пијано на Дуња Иванова проследен со текст и нарација на Тина Иванова.

„Мирисот на липите“ е музичко-поетски проект, кој ќе раскаже приказна за познатите урбани, но и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“… „Мирисот на липите“ е концерт на пијано на Дуња Иванова проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи токму Пандевска. Станува збор за получасовно патување низ симболите на Скопје, но погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. Всушност, „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител на Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

На крајот на март за ПМГ Џез, како 44 издание, излезе албумот во живо со концерт на пијано на Дуња Иванова реализиран во рамки на музичката програмата “Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари.

Билетите се достапни на следниве линкови:

https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта)

https://bileti.mk/e/krajvardarotjazz24 (за 23 април) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzfest24 (за 27 април)

 

Tags: „Мирисот на липите“Дуња ИвановаКонцерт
Next Post

Судот во Албанија прогласи за виновни девет жени вратени од Сирија

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk