Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Од лично име му честитам на Тричковски за неговата нова книга – собрани колумни – „ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ”. Очекувам во скоро време дека ова огромно парче ангажирана колумнистика ќе падне во моите раце на читање.
За Тричковски, како личност и пред сè автор, би можел да го кажам следново: ако не беше колумниста и писател, имаше голема шанса да помине живот без многу непријатели, притоа, веројатно денес ќе седеше во она старечко друштво наречено МАНУ и ќе кукаше над нашата судбина, ќе ја оплакуваше земјата од „клетите соседи” и „домашните предавници”. Тоа е карта за влез во МАНУ; евентуално ќе добиеше некое идиотско директорско место на некоја градска библиотека и ќе чмаеше во осумчасовно работно време од кое не ќе знаеше што да прави со себе во тоа празно и „мртво време”.
Ама, на мое големо задоволство – пред сè задоволство од стилот во пишување на Тричковски (оти човекот во основа е стил, а потоа сè останато) – мило ми што овој човек го одбра новинарскиот и писателскиот занает.
Или што би рекол Фрост (ќе ми дозволите да го парафразирам): „Тричковски го чекори патот на кој поретко се оди”.
Тричковски, искрени честитки! За ова дело ќе судат не денешните генерации, туку некоја професорка на Хумболд Универзитет во Берлин или некоја слична метропола. Денешните современици не можат да судат за делото на Тричковски.
Судот за делата доаѓа после 50 години; поточно, вистинскиот суд е во дистанца од минимум 50 години од денес.