ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нечовечност

Изјавата на Иван Стоиљковиќ, коалициониот партнер на Христијан Мицкоски кој го нарекува геноцидот во Сребреница „некрофилски дизниленд", има само едно име: NELJUDSKOST!

April 16, 2024 15:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Изјавата на Стоилковиќ за Сребреница има едно име Нечовечност
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: САНЕЛА ШКРИЈЕЉ

Srebrenica, grad za koji je čuo cijeli svijet…a bolje da nije…

За да го почитуваме минатото, жртвите и преживеаните, мора да ги нарекуваме работите со нивното вистинско име. За да ја изградиме иднината, мораме да бидеме заедно со еден глас секогаш кога ќе се негира геноцидот во Сребреница, секоја една невина душа изгубена во безумните војни на просторот на бивша Југославија, Холокаустот, Руанда, Украина, Газа, невините животи во Израел одземени од терористи, страдањата во Африка.

Svaka srebrenička majka predstavlja sve majke na svijetu.

Оние кои планираат и спроведуваат геноцид сакаат да го лишат човештвото од големото и разновидно богатство на неговите народи, раси, етнички групи и религии.

Почитувани мои сограѓани,

Ние во Македонија најдобро знаеме дека има луѓе и нелуѓе, па потоа доаѓаат другите карактеристики. Изјавата на Иван Стоиљковиќ, коалициониот партнер на Христијан Мицкоски кој го нарекува геноцидот во Сребреница „некрофилски дизниленд”, има само едно име: NELJUDSKOST! Не случајно истиот лик ја продолжува истата пракса да поддржува злосторства против човештвото, ставајќи се на страната на Путин кој сега истото го прави во Украина.

За сите, случајни или намерни, дезинформации и пропуштени информации на оваа тема: Македонското собрание уште во 2010 година усвои Декларација со која ја поддржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница. Истата беше поддржана од сите политички партии!

Геноцидот во Сребреница, кој е потврден со пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг, веќе е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… на сите држави каде демократските вредности и почитувањето на човековите права е составен дел од нивните системи, а сега останува да се заокружи и во ОН, на почеток на следниот месец.

Да изградиме иднина за денешната генерација, која ќе биде добра за сите народи без разлика на верата и да не обедини со заеднички вредности засновани на правата на поединците. Мораме да останеме будни и да се спротивставиме на омразата и нетрпеливоста во нашата земја, Европа и светот . Омразата и нетолеранцијата не исчезна од нашите улици, од нашите социјални мрежи, па дури ни од политичкиот дискурс. Се додека живеат таквите идеологии, опасноста од нови страдања не завршува.

BOSNJACI NAUČITE – PAMTITE – PRIČAJTE- OPOMINJITE!! I dobro razmislite kad odlučujete kome dati svoju poddršku.

Чекаме да видиме дали вмро дпмне ќе се огради од ваквиот став на нивниот коалиционен партнер и тешката навреда на жртвите на Сребреница. Земајќи предвид дека тоа не го направија кога нивна пратеничка ги навреди сите Бошњаци, нарекувајќи не “изгубени со збунет идентитет”, чисто се сомневам.

Ние, Бошњаците, нема да заборавиме!


Текстот е личен став на Авторката

Поврзано: 

Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата во ОН за геноцидот во Сребреница

Tags: Иван СтоиљковиќСанела ШкријељСребреница
Next Post

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Немало тајни средби за амнестија на политичари, уставен патриотизам за бранење на вредностите; наместо „Отворен Балкан“ – „Самит на хармонизираните сто отсто со политиките на ЕУ; Бугарите за РСМ да се третираат како Орбан за Украина

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk