Руските агресори денеска истрелаа проектили врз градот Чернихив, предизвикувајќи загинати и повредени цивили, објави на Телеграм, шефот на регионалната воена управа на Чернигив, Виачеслав Чаус, пренесе Укринформ.
„Непријателот го нападна Чернихив со проектили. Има мртви и ранети“, се вели во објавата.
Подоцна, Чаус додаде дека Русите извршиле три ракетни напади речиси врз центарот на градот.
„Има мртви цивили, многу ранети. Сега работат спасувачите, нашите медицински лица работат и ја пружаат сета потребна помош. Формиран е штаб и ќе се пружи сета потребна помош“, рече тој.
Како што е соопштено, експлозии се слушнале во Чернихив околу 9 часот по локално време, според медиумот Суспилне. Пред тоа, беше објавено предупредување за воздушен напад во Кијив и во голем број региони.
„Руските сили извршија ракетен напад врз градот Чернихив утрото на 17 април, при што загинаа најмалку 10 лица, а беа повредени 20“, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува Кијив индипендент.
Цивилните и социјалните инфраструктурни објекти беа нападнати, рече Олександр Ломако, вршител на должноста градоначалник на градот.
Бројот на жртви може да се зголеми бидејќи операцијата за пребарување и спасување е во тек.
Во август 2023 година, руските сили го нападнаа центарот на градот Чернихив, при што загинаа седум лица, вклучително и едно шестгодишно дете, а беа повредени околу 180 луѓе.
Областа Чернихив се наоѓа на северната граница на Украина со Русија и беше нападната и делумно окупирана за време на почетокот на руската целосна војна во февруари 2022 година.
Руските сили се повлекоа од Черниговската област во април 2022 година, но поради неговата близина до границата, регионот оттогаш беше напаѓан речиси секој ден.
Драган Мишев / Цивил Медиа