ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бојан Шашевски за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028: Потребна е работа. И соработка. И волја. И транспарентност!

April 22, 2024 16:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бојан Шашевски Шаше

Бојан Шашевски Шаше

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?

Новинарот Бојан Шашевски Шаше, за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Потребна е работа. И соработка. И волја. И транспарентност!

„Титулата ‘Скопје 2028’ беше најавена како шанса и можност, а не како награда за главниот град на Македонија. Секако дека треба да дадеме шанса, бидејќи јас сум по шансите. Но, шансата треба да биде искористена со тоа што процесите треба да бидат водени, пред сѐ, од културни дејци и културни зналци, а не преку несмасни политички менаџирања.

Зборувам од аспект на тоа што се случува моментално со МКЦ, каде нема културен живот поради изборите. Замислете! Зборувам од аспект на тоа што се случува со Универзална сала, каде нема културен живот поради натегања меѓу Град Скопје и Министерство за култура. Тоа се оние две институции што заедно се сликаа кога беше најавено ‘Скопје 2028’, а претходно две години не можеа да седнат и се договорат за стартот на реконструкцијата на Универзална. Зборувам од аспект и на тоа што лани во октомври пишувавме како е неизвесен културниот живот во повеќе културни домови, бидејќи Град Скопје сѐ уште го немаше објавено годишниот повик за поддршка на проекти во културата за 2024, додека резултатите од претходниот уште не беа јавно споделени.

Така што, во следните четири години треба работа. И соработка. И волја. И транспарентност. И сфаќање на културата како јавно добро, а не како финансиска крадометрија или политички опортунизам. Не верувам дека некои работи може да се сменат преку ноќ, апсолутно, ама, шансата да ја искористиме со тоа што, во склоп на можности, барем да им дадеме на луѓето некаква културна понуда. Што повеќе претстави, филмови, изложби, концерти, книжевни настани…, толку повеќе креативни и разумни луѓе. Што повеќе вклучување на културните работници, толку поагилно домашно културно творештво. Тоа да биде шансата, бидејќи титулата, сама по себе, не е толку важна. Културата е важна!“, истакна Шашевски.

Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.

Т. Иванова

Поврзано: 

За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола

Tags: Бојан Шашевски ШашеСкопје „Европска престолнина на културата“ 2028
Next Post

ЕУ се заканува дека ќе ги суспендира наградите на ТикТок Лајт поради ризикот од „зависност“

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk