ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕП ги одобри новите правила за борба против трговијата со луѓе

April 23, 2024 19:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска со 563 гласа „за“, седум „против“ и 17 „воздржани“ ги одобри измените на законската регулатива за спречување и борба против трговијата со луѓе и заштита на нејзините жртви.

Со измените се проширува опсегот на досегашните мерки за борба и спречување на трговијата со луѓе и се нуди подобра поддршка на нејзините жртви, со што на ниво на ЕУ се предвидуваат построги санкции за работната и сексуалната експлоатација и се криминализираат принудните бракови, незаконското посвојување деца и искористувањето на сурогат мајчинството.

Според коизвестувачката за законот, шпанската европратеничка од редовите на Левицата,  Еухенија Родригез Палоп, трговијата со луѓе денес стана пософистицирана и ресурсите со кои располагаше ЕУ беа недоволни за справување со неа, па затоа се јави потреба за измена на Регулативата за борба и спречување на оваа криминална појава.

– Треба да можеме да ги пронајдеме жртвите и да ги заштитиме и поддржиме. Трговијата со луѓе е тортура, сторителите мора да платат за она што го направиле, а жртвите мора да добијат компензација и надомест за нивното страдање, додаде Родригез Палоп.

Нејзината колешка коизвестувачка и сопартијка, шведската европратеничка Малин Бјорк оцени дека со измените ќе се зголемат правата на жртвите на трговијата со луѓе и ќе се намали сексуална експлоатација.

– Започнавме промена и сега земјите членки мора да го искористат максимумот од оваа директива и да се погрижат жените и девојките да не се купуваат и продаваат низ Европа, истакна Бјорк.

Со новите мерки се предвидува и соодветна поддршка за жртвите на трговија со луѓе, нивно безбедно сместување и се гарантира нивното право за аплицирање за азил, а на обвинителствата им се овозможува да не ги гонат лицата кои биле принудени да вршат кривични дела без разлика дали соработуваат во истрагата или не.

На жртвите на трговија со луѓе со попреченост и на деца без придружба им се гарантира соодветна поддршка, вклучително и назначување старатели.

Новите правила воведуваат и можност за санкционирање на лица кои користеле услуги од жртви на трговија со луѓе, иако знаеле дека тие се експлоатирани.

Исто така, се предвидува и можност на компании вклучени или поврзани со трговија со луѓе да не им се дозволи учество на државни тендери, како и од нив да се бара враќање на исплатените јавна помош или субвенции.

Измените дозволуваат при изрекувањето на казни како отежнувачка околност да се смета неконсензуалното ширење на приватни фотографии или видеа со сексуални содржини.

Новите правила сега треба да ги одобри Советот на ЕУ и тие ќе стапат во сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на Унијата, по што земјите членки имаат рок од две години да ги имплементираат во националните законодавства.

Tags: борба против трговија со луѓенови правила
Next Post

3 работи што треба да ги проверите на амбалажата ако сакате да се храните здраво

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk