ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

3 работи што треба да ги проверите на амбалажата ако сакате да се храните здраво

April 23, 2024 20:05
in МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Нездравата храна е голем проблем и не само што може да се здебелите туку и негативно влијае на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Јасно е дека јадењето здрава храна за здравјето на срцето подразбира умерено јадење месо и повеќе зеленчук, јаткасти плодови и риба. Но, дури и кога ги јадете овие намирници, постои голема веројатност да јадете храна што во никој случај не е добра за вашето здравје. Проблемот настанува при купување спакувана храна која често е полна со адитиви и трансмасти. Кардиологот Дариуш Мозафаријан открива што гледа на пакувањето и што избегнува со цел да го зачува своето здравје. Затоа, ако не знаете на што треба да обрнете внимание, следете ги упатствата на д-р Дариуш Мозафаријан.

Обрнете внимание на содржината на натриум

Внесувањето премногу натриум предизвикува задржување на водата во организмот, а тоа доведува до зголемување на крвниот притисок и преоптоварување на срцето. Д-р Мозафаријан се држи до правилото според кое дневниот внес на натриум не треба да надминува 2,3 грама. Кога купувате намирници, секогаш земајте неколку видови за да можете да ги споредите. На пример, ако купувате сос од домати, земете неколку видови и споредете го односот на натриум и земете го сосот кој содржи најмалку натриум.

Обрнете внимание на соодносот на јаглехидрати и влакна

Според д-р Дариуш Мозафаријан, колку е помал односот на јаглехидрати и влакна, толку храната е подобра и поздрава за луѓето. Пресметката според која се води тој е 10 грама јаглехидрати на 1 грам влакна. Истражувањето од Харвард покажало дека спакуваната храна што има сооднос 10 : 1 на јаглехидрати и растителни влакна има и помалку натриум, шеќер и трансмасти.

Обрнете внимание на квалитетот на мастите

Кога станува збор за мастите, нивната основна поделба е на растителни и животински, а се делат и според составот, односно на заситени и незаситени. Извори на заситени масти се месото, јајцата, млекото и млечните производи, а д-р Дариуш Мозафаријан и други експерти препорачуваат умерено внесување на овие намирници. Незаситените масти се многу поздрави, па затоа се препорачува поголем внес преку морска риба, јаткасти плодови, семиња, зеленчук и здрави масла.

Она што претставува најголема опасност се трансмастите произведени со индустриската преработка на растителни масла. Трансмастите го зголемуваат ризикот од здебелување, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и рак. Тие се внесуваат во организмот преку брза храна, чипс, колачи, млечни чоколада и слични слатки и грицки. Д-р Мозафаријан забележува дека е најважно да не се бројат калории, туку да се обрне внимание на мастите, натриумот, јаглехидратите и влакната и да јадете непреработена и здрава храна.

Tags: амбалажаздрава хранаСовети
Next Post

Ликовна изложба на дела од уметникот Владимир Георгиевски во Делчево

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk