Училиштата и универзитетите во регионот на Мадрид нема да бидат отворени две недели почнувајќи од среда, што е една од мерките за спречување на ширењето на новиот корона вирус. Тоа го изјави синоќа шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја.
Поради тоа во своите домови ќе останат околу 1,2 милиони ученици и студенти.
Истата мерка беше донесена и од властите на баскискиот регион.
Во Шпанија досега, 28 лица починаа од корона вирусот, а 1.204 се инфицирани.