Од 24 февруари 2022 година, руската армија ги нападнала украинските термоелектрани речиси 180 пати, изјави ова на радио Хромадске извршниот директор на ДТЕК, Дмитро Сахарук, пренесува Укринформ.
„Од почетокот на целосната инвазија, окупаторите ги гранатираа нашите термоцентрали речиси 180 пати. Нападот на 27 април беше, всушност, четвртиот голем напад по оние на 22 и 29 март и 11 април“, рече Сахарук.
Според него, се анализираат последиците од нападот. Четири производни единици претрпеа прилично значителна штета.
Како што предходно пренесе Укринформ, ноќта на 27 април, Русија нападна четири термоелектрани ДТЕК, сериозно оштетувајќи ја опремата, објави на Фејсбук DTEK Group.
„Непријателот уште еднаш масовно ги гранатираше енергетските капацитети на Украина. Синоќа во нападот беа оштетени четири термоцентрали на ДТЕК“, се вели во соопштението.
Според првичните информации, за жал, има жртви.
„Опремата на претпријатијата е сериозно оштетена. Енергетските инженери во моментов се обидуваат да ги отстранат последиците од нападот“, соопшти ДТЕК.
Како што беше објавено претходно, непријателот изврши масовен ракетен напад врз Украина во текот на ноќта во саботата.
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, во објавана Х на 796 ден од целосната руска инвазија врз Украина, уште еднаш ја нагласи потребата на Украина од системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, артилериски системи, ракети со долг дострел, системи за електронско војување и модерни борбени летала.
796. државата-терорист рф продолжува да убива Украинци и да ја уништува 🇺🇦
Нашите клучни потреби остануваат непроменети: системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, артилериски системи, ракети со долг дострел, системи за електронско војување и модерни борбени летала. pic.twitter.com/RrBr5oDBh7— Larysa Dir (@dir_larysa) April 29, 2024
Државата-терорист рф продолжува да убива Украинци и да ја уништува Украина.
Нашите клучни потреби остануваат непроменети: системи за противвоздушна одбрана и соодветни ракети, артилериски системи, ракети со долг дострел, системи за електронско војување и модерни борбени летала, напиша амбасадорката Дир.
Драган Мишев / Цивил Медиа