Политичкиот аналитичар Висар Адеми во интервју за Слободен печат го оцени синоќешното обраќање на Христијан Мицкоски.
,,Мицкоски во еуфорија цело време се кара од дистанца со ДУИ што не му е баш паметно, затоа што тој како премиер во доаѓање има многу работи со кои треба да се занимава како инфлација, корупција итн. Но она што ми остави впечаток е што уште од првата вечер почна да зборува за апсења. Ние имаме пак враќање и излив на емоции од едно време кое не е многу далечно и партија која беше држава партија како во времето на Груевски каде партијата беше поважен фактор од институциите” рече тој.
Шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во првото обраќање по големата изборна победа, настапи со редица закани – Стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи ги боли главата – и има зошто – ќе одговараат до последниот.
„Падна владата во Македонија и има причина за тоа – криминалот, корупцијата, неспособноста, лажните вредности, одземената држава, тендерите, непотизмот… работи со кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени. Поразени се и предавствата, поделбите. И тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи ги боли главата, и има зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција. Мора да има одговорност којашто ќе се темели на правда и закон“, рече Мицковски во своето обраќање, прво по големата изборна победа“, истакна Мицкоски.