Страшна сцена во Рим по натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Муте. По победата и преминот во третото коло, светскиот тенисер број еден потпиша автограми, а од трибините гледач фрли со тврд предмет погодувајќи го Ѓоковиќ во глава.
Откако го совлада Муте (6:3, 6:1), Ѓоковиќ отиде да дава автограми. А потоа бил удрен во глава со пластично шише со вода фрлено од некој од публиката.
This is shocking.
Novak Djokovic was hit on the head with a water bottle thrown from the stands while he was signing autographs.
Disgusting.pic.twitter.com/Pwt2sjBisl
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) May 10, 2024
Ѓоковиќ стартуваше во Рим со победа над Корентано Муте, по што следи меч против Алехандро Табило.
Наводно, ударот бил таков што Новак малку искрварил во пределот на главата. Веднаш бил пренесен во медицинскиот центар каде имал благо гадење, но е добро и ситуацијата не е загрижувачка, пренесува српски Спорт клуб.
Според некои информации од теренот, Ѓоковиќ не бил удрен намерно, туку шишето случајно паднало од гледач кој сакал да добие автограм.
Ј. Ѓ.