ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Инаугурација на претседателката Гордана Силјановска Давкова – Ќе го користи ли уставното име на државата?

May 12, 2024 10:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
. Фото: Фејсбук страна на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

. Фото: Фејсбук страна на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова е шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Силјановска -Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Силјановска – Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски  251.881 глас.

Врз основа на член 81 став 9 од Уставот на Република Северна Македонија, Силјановска Давкова на 151. собраниска седница закажана за напладне денеска ќе даде свечена изјава пред Собранието по што започнува да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.

Пред неа е првиот сериозен предизвик. Ќе ги изневери ли оние 561.001 гласачи и ќе го користи уставното име Република Северна Македонија, или ќе одбере да биде прагматична во интерес на државата?

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска -Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

По победата на изборите таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани.

-Јас тврдам дека ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Тоа значи на сите етнички групи, на сите членови на партиите, на оние кои не се во партиите, бидејќи не може ниту еден претседател да трага по единство, ако држи партиски линии, изјави Силјановска – Давкова.

Таа потенцира дека нема поголема промена од тоа за прв пат во нашата држава да има претседател жена.

– Има ли поголема промена од таа за првпат во оваа државичка, држава, жена да стане претседател? Има ли поголема инспирација за умните жени – нема. И јас мислам дека со мене, држете ме до збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Ватцлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, на поинаков начин од машкиот, да го бранат тоа е некаков голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор, потенцираше таа.

Силјановска -Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Силјановска -Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, но изгуби од Стево Пендаровски.

На парламентарните избори во 2020 година, Силјановска -Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: претседател инаугурацијаСилјановска Давкова

НАЈНОВО

Интервју со Жанета Ќосе: Учениците не се клиенти, а училиштата не смеат да станат фирми, образованието има поширока општествена мисија

May 19, 2025

Младите не се проблем, туку шанса, да ја искористиме таа шанса, порачува Чупеска

May 19, 2025

Герасимовски: Отворен повик за изработка на мини мурали и графити поврзани за македонското писмо и јазик

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk