ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Огледало

Ќе мора еднаш да се погледнеме и да се соочиме, па било тоа да го направиме и на фрагментите од искршеното огледало кое вади рефлексии со извитоперени одрази. Ни се допаѓале или не, сите тие извитоперени одрази од тие парчиња, се само наши.

October 9, 2019 19:13
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ќе одам на почеток без метафори – директно, без заобиколувања, ами со компарации.

На 9 октомври 2019 година Јавниот обвинител Јовески, односно обвинителката Рускоска, ја проширува истрагата во која според сè влегува како осомничена и потпретседателката на Собранието од редовите на владеачката СДСМ, Фросина Ременски.

На 24 јануари 2013, пак, тогаш новиот јавен обвинител Марко Зврлевски пред тогашниот претседател на Законодавниот дом Трајко Вељаноски се заколна дека при вршењето на функцијата Јавен обвинител ќе постапува непристрасно, совесно и стручно. Веднаш после давањето на заклетвата Зврлевски замина на Ромскиот бал во друштво на тогаш актуелниот шеф на тајната полиција Мијалков и „сега рекетираниот“ Орце Камчев. Имате на иста маса шеф на тајна полиција, шеф на јавно обвинителство и други бизнис шефчиња. По сите правила на поведение, во најмала рака е скандалозно јавниот обвинител и шефот на тајната полиција да се дружат, а не пак јавно да се експонираат по балови и певаљки.

На 9 февруари 2015 година и потоа, кога беа објавени сите бомби, каде сите јасно слушнавме како од врвот на власта буквално се раскурцувала државата по сите основи, истиот тој Зврлевски беше јавен обвинител, Во бомбите слушнавме и како Зврлевски бил под директна палка и секојдневно програмиран од Горде тогашната Министерка за внатрешни работи, што и како да прави, па и не не зачуди многу кога рече Зврлевски дека тие бомби не може да се индиции за покренување на обвиненија. Да бидеме искрени, не расипничкото владеење на Груевски, туку токму Зврлевски со отфрлањето на бомбите и елементарната непогода од тогашен претседател на држава со амнестијата, буквално предионесоа да експлодира незадоволството и да излеземе на улици и да ја започнеме Шарената револуција.

Се сеќавате ли дека сè до вмешувањето на странскиот фактор и почнување на Пржино, имавме жолти комбиња на кои се монтирале прислушни станици на странски служби? А, се сеќавате ли барем на едно лице од врвот на ДПМНЕ во тие 11 години владеење што одговараше за злоупотреба, или некоја друга криминална активност?

Нема такво!

Тоа ДПМНЕ си има континуитет до денес и не се огради и не ги осуди политиките и криминалите на врвот од тогашното раководство. Ова ДПМНЕ продолжува со истата матрица, со клевети, лажни вести и подметнувања. Ова ДПМНЕ како тогаш, така и сега е само декларативно за влез на Македонија во ЕУ, а на секој чекор се обидува да стави сопка и тој пат да е вечен и недостижен

Вчера новинарот Младен Чадиковски, кој на секаков начин (уште шпага што не направи човекот) се обиде да добие одговор за тоа дали Мицкоски се оградува од Груевски, но од Кристијан Мицкоски се изнаслушнавме цел репертоар од варијации на тема: нема да се откажам и оградам од Груевски, но не и конкретен одговор.

Вчера Чадиковски повторно неуспешно се обиде, ама баш на неколку пати се обиде Младен да добие одговор – зашто ДПМНЕ прави сè за да не се донесе новиот Закон за обвинителство, ами се крие позади некакво нарушување на процедура и фактички се обидува да се пазари за дополнителна амнестија. Мицковски за општа сме на цела македонска јавност вели дека не барал тој амнестија, туку напротив Заев барал амнестија…

И така користеќи наследен цел еден раскошен арсенал на медиуми, на кои во последно време му се удвараат и уште други незадоволни партал-порталчиња, преку кои фрлаат, полувистини, лажни вести, закани, уцени, или сè она што беше карактеристика на грујовото време, се обидуваат да се ребрендерираат и воскреснат.  Нема да успеат во тоа, знаат, но упорни се.

Денес креаторот на најголемите злодела во историјата на самостојна Македонија и осудениот криминалец Груевски, е побегнат во Унгарија и за бегството е виновна оваа власт, тоа е факт. Но…

Денес, имаме Специјална јавна обвинителка во притвор. Имаме покренато обвинение за специјалната обвинителка во чие СЈО се крстеше секој правдољубив човек, а тоа обвинение против „специјалката“, е покренато од Основното јавно обвинителство и внимавајте – и Премиерот Заев дојавил за можниот рекет.

Кога сме веќе тука – Колку и да се мава оној новинарски фичфириќ во гради дека е некаков пресуден фактор во случајот, факт е дека ОЈО си го терало случајот многу пред фичфириќот да раскажува приказни, а тој кутричкиот е само искористен за подгревање и ништо повеќе.

Денес немаме целосна правда за која се боревме. Но, да сме искрени, денес оваа власт не ги „штеди“ сопствените редови.

Денес Заев на прес-конференција во Влада, прашан дали ќе бара разрешување на Фросина Ременски од функцијата потпретседател на Собранието на РС Македонија, одговори:

– Ако некое лице е осомничено, или обвинето, тоа значи санкционирање – отстранување од сите функции и паритиски и општествени, тоа е нашиот став и тука нема дилеми.

И покрај сите ови контрасти, барем кога компарираме крупни и суштински работи од значење на патот по кој оди сега државата, навистина се чудам со каква комоција сè уште ги користиме паролите од типот… ма нема да ја спомнам, ми се гади веќе од таа флоскула!

А, не се!

Ќе мора еднаш да се погледнеме и да се соочиме, па било тоа да го направиме и на фрагментите од искршеното огледало кое вади рефлексии со извитоперени одрази. Ни се допаѓале или не, сите тие извитоперени одрази од тие парчиња, се само наши. Дали и кога ќе успееме да ги составиме правилно, не секогаш зависи само од нас.

Но, мора да се обидуваме.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk