Владата на Република Северна Македонија со исполнети 79.14% е најотворена во регионот според Индексот на отвореност, согласно резултатите од последниот мониторинг, стои во објавата на Фондацијата Метаморфозис на социјалните медиуми.
View this post on Instagram
Резултатите од истражувањето покажуваат и дека владите во државите од регионот не постигнале значителен напредок во однос на проактивна транспарентност и отвореност кон граѓаните.
Според индикаторите на отвореност по нашата држава е Советот на министри на БиХ, со исполнети 73,31 %, па Црна Гора со 68.,87%, Република Србија со 54,94%, Република Српска 38,2%, а последните места припаѓаат на Владата на БиХ, со 37,57% и Владата на автономна покраина Војводина 31,3%.
Анализата се однесува на мерењата за 2022 година, издадена 2023 година, и е дел од публикацијата „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку индексот на отвореност“, изработена од Фондација Метаморфозис.