ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ваучер од 1000 евра за инвертер за домаќинства во Скопје, Битола, Тетово и Кичево Скопје

Oваа мерка ќе опфати најмалку 10 илјади домаќинства и тоа во Скопје 5.200, во Битола 2.500 домаќинства, во Тетово 1.500 и во Кичево 800 домаќинства

October 9, 2019 19:01
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

АД ЕСМ ќе одвои 10 милиони евра односно 618 милиони денари за имплементирање на еколошка мерка за субвенции за набавка на инвертер клими за домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, како најпогодени од загадениот воздух, кои се греат на дрва, јаглен и фосилни горива со висока емисија јаглерод диоксид и штетни ПМ честички, како што е нафтата.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција информира дека оваа мерка ќе опфати најмалку 10 илјади домаќинства и тоа во Скопје 5.200, во Битола 2.500 домаќинства, во Тетово 1.500 и во Кичево 800 домаќинства. Предност ќе имаат домаќинствата со месечни примања до 30 илјади денари.

– Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1.000 евра во денарска противвредност за набавка на ефикасен инвертер, изјави Заев.

Тој додаде дека овој еколошки проект, заедно со другите, кои ќе бидат преземени за целосно справување со загадениот воздух, имаат за цел во наредните три години да биде целосно елиминирано користењето на печки на тврди и фосилни горива. Надзорот на реализацијата на оваа мерка ќе ја врши владина Комисија, во која ќе членуваат претставници и на најмалку две НВО, а општините ќе бидат задолжени за 100 процентна контрола на оние домаќинства кои ќе ги добијат субвенциите.

Компаративната анализа на вкупните трошоци на греење на површина од 60 метри квадратни покажува дека со греење со инвертер ќе чини 11.734 денари, со дрва 18.586 денари, со пелети 26.010 денари, а со нафта за домаќионство 43.038 денари. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека единствен услов за домаќинствата е да дадат изјава дека повеќе нема да користат дрва и фосилни горива и да го вратат грејното тело кое досега го користеле, а кое ќе биде однесено во легален отпад. За сметка на тоа, истакна, ќе добијат вредносен бон да можат да купат инвертер.

– Ова секако не е замена за гасификацијата, бидејќи регионите во Скопје посебно, а веќе и во Битола се детерминирани да имаат пристап до топловодна мрежа и понатаму ќе ги стимулираме да се развиваат на топловодна мрежа. Оние кои имаат пристап до гасификација ќе се развиваат на гасификација, но има анализи кои покажуваат дека најекономично е одредени региони кои во моментот значително загадуваат да се развиваат на принцип на имплементација на инвертер клими за греење, изјави на денешната прес-конференција Анѓушев.

Тој додаде дека во своето 2,5 годишно работење АД ЕСМ покажало одлични резултати , не се покачила цената на електричната енергија, а ЕЛЕМ направило добивки од 43 милиони евра акумулирани добивки, а двојно повеќе акумулирани ликвидни средства. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини најави дека ќе се продолжи со овој проект и во останатите градови каде загадувањето е големо.

Тој предупреди дека импелементирањето на оваа мерка не значи дека ќе се прескокне мониторингот на индустрискиот сектор, туку ќе се продолжи со поголема контрола на индустриските објекти. Според заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој повтори дека сите студии покажуваат оти главниот извор на загадувањето доаѓа од домашното затоплување, на една грејна сезона во Скопско се трошат 317 илјади тони дрва, а во Северна Македонија е 1.100.000 кубни метри дрва што се трошат, од кои 40 проценти од тоа се од нелегална сеча. Во таа насока тој најави дека ќе се зајакнуваат капацитетите на шумската полиција.

Извор: МИА

Next Post

Борисов: Го поддржуваме започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk